More

    Бислимоски: Електродистрибуција ќе мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите

    spot_img

    Електродистрибуција ќе мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите, изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска по средбата со народниот правобанител Насер Зибери.

    Според сегашната регулатива, обврската за читање на струјомерите е еднаш годишно.
    – Препорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. За размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство за да не се случи, на пример, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари. Ако сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

    Кај Народниот правобранител стасале многу поплаки од граѓаните за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. Тоа било мотив за средбата меѓу Бислимоски и Зибери.

    – Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка. Треба да има струја за сите, и не сметам дека тоа е противуставно. Сето ова е опција за граѓаните, да си направат рамномерна распределба на својот буџет, ние не можеме да ги натераме, ова е со цел да не плаќаат високи сметки – додаде Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img