Велика Британија пред две години наводно била многу загрижена поради можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби нуклеарно оружје во октомви 2022 година, објави Индепендент.
Тоа се наведува во книгата „Аут оф д блу“ (Out of the Blue), биографија на поранешната премиерка Лиз Трас.
Според книгата, таа била загрижена дека Велика Британија ќе биде на удар на нуклеарно зрачење и ги поминала своите последни денови во премиерскиот кабинет, подготвувајќи се за зрачењето кое би можело да го погоди островот.
На Трас, се вели во нејзината книга, наводно ѝ било кажано дека рускиот претседател е на само неколку часа од распоредувањето нуклеарно оружје за кое постоел страв дека ќе исфрли радиоактивен материјал во атмосферата. Претпоставките, вели таа, биле дека материјалот може да се прошири на 2.740 километри од експлозијата.
Трас минувала часови проучувајќи ги сателитските снимки и правецот на ветарот бидејќи се плашела дека врнежите би можеле директно да влијаат на Британија.