More

    Бијонсе платила 100.000 долари за возовите да работат плус еден час за обожавателите да се вратат дома

    spot_img

    Откако нејзиниот концерт во Мериленд мораше да биде одложен за еден час поради невреме, Бијонсе плати 100.000 долари за возовите да сообраќаат еден час подоцна за да можат нејзините обожаватели, од концертот да се вратат дома.

    Музичката дива Бијонсе ги изненадила своите обожаватели откако платила 100.000 долари за возовите во Мериленд да продолжат да возат еден час подолго, за посетителите на концертот да можат да стасаат до своите домови, бидејќи настапот, поради силната бура, бил поместен за еден час.

     

    „Washington Metropolitan Area Transit Authority“ открил во соопштението за јавност дека „Renaissance World Tour“ ги покрил трошоците за „движењето на повеќе возови, оставање на сите 98 железнички станици отворени и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час железнички услуги.

    Пејачката инаку по протокол излегува на сцената околу 21 часот, но во неделата доцнела бидејќи службите испратиле соопштение за невреме и ги упатиле жителите да побараат засолништа поради бурата.

    Иако дождот продолжил да паѓа речиси во текот на целото траење на концертот, на Бијонсе тоа не ѝ било пречка да го одржи својот настап. Публиката била пуштена во салата околу 20 часот и 25 минути, а благодарение на помошта од Бијонсе, враќањето дома не им претставувало проблем.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img