More

    Бидете внимателни со сопствените пари и внимавајте да не наседнете на измамнички платформи кои нудат лесна заработка со кликање, а менувачниците да не им помагаат на граѓаните да депонираат криптовалути на потенцијалните измамнички апликации

    spot_img

    Бидете внимателни со сопствените пари и внимавајте да не наседнете на измамнички платформи кои нудат лесна заработка со кликање, а менувачниците да не им помагаат на граѓаните да депонираат криптовалути на потенцијалните измамнички апликации, предупредува Управата за финансиско разузнавање.

    „Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. платформи за остварување на брза заработка преку интернет, Управата за финансиско разузнавање ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сопствените парични средства и навремено да препознаат фиктивни измамничко-инвестициски платформи, односно да не инвестираат во ваквите платформи и апликации. Од друга страна, имајќи предвид дека голем дел од граѓаните се стекнаа со криптосредства преку давателите на услуги поврзани со виртуелни средства, најчесто локални менувачници, кои се задолжени да применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам, ги повикуваме да не ги поттикнуваат и да не им помагаат на граѓаните во вршењето на трансакции, односно депонирање на крипто-средства кон ваквите потенцијално измамнички апликации“, соопшти Управата за финансиско разузнавање.

    Управата ги повикува граѓаните да се запознаат со т.н „измамнички апликации со задачи“ или task-scam apps кои се вид на измама каде што измамниците ги примамуваат жртвите со ветувања за лесни и брзи заработки преку едноставни задачи, со чие извршување се заработкаат криптопари.

    „Измамите се состојат во тоа што иницијално жртвите се контактирани од т.н регрутери или претставник на апликацијата или пријатели, а заработката се обезбедува со мали задачи кои се лесни за завршување, со непосредни, мали исплати. За почеток најчесто е потребен иницијален депозит во форма на криптосредства. Апликацијата или платформата функционира одредено време со што има за цел да изгради доверба и да покаже дека можноста за профит е легитимна. Овие апликации немаат реален производ или услуга и преставуваат параван зад т.н пирамидални шеми, односно се финансираат од вложувањето на новите членови. По одредено време организаторите ја згаснуваат платформата, а средствата на лицата коишто ги депонирале во ваквите платформи никогаш нема да имаат можност да ги повратат. Измамата не завршува најчесто тука, туку продолжува во втора фаза, односно измама за т.н. поврат на средства, каде што организаторите на ваквата платформа уште еднаш ги искористуваат жртвите и ги насочуваат лицата дека преку депонирање на нови средства можат да ги повратат претходно изгубените средства. На тој начин жртвите на измамата се измамуваат по втор пат, а средствата секако нема да им бидат вратени назад“, предупредува Управата за финансиско разузнавање.

    Организација на обединетите нации (ООН) во своите извештаи поврзани со криминалитетот во пост-Ковид19 периодот, како и останати меѓународни организации, се додава во соопштението, укажаа на нов облик на организиран криминал, генерално од азискиот регион, кој вклучува трговија со луѓе, каде илјадници лица кои се жртви на облик на насилен криминал се принудени да вршат измами поврзани со инвестирања во виртуелни односно криптосредства и барање на жртви низ целиот свет.

    Управата предупредува на кои налини да се препознаете потенцијално измамничка платформа:

    1. Не е предмет на сеопфатна регулатива и надзор од надлежна институција во државата или земја од Европската Унија.
    2. Не постои т.н инвеститорска програма или white paper за самиот проект во форма на крипто средства одобрен од надлежен орган или тело.
    3. Не можат да се најдат податоци за називот на компанијата, лицата од менаџментот односно одговорните лица во правното лице, а понекогаш воопшто не постои регистриран ентитет.
    4. Не можат да се пронајдат податоци дека правното лице е лиценцирано за активноста што ја врши, односно покажува фиктивни „сертификати“ за регистрација кај надлежен орган или тело на странска држава.
    5. Интензивна маркетинг-кампања преку социјалните мрежи и најчесто за иста платформа односно апликација, преку различни акаунти односно профили на социјалните мрежи.
    6. Комуникацијата со лицата кои се претставуваат дека се надлежни или администратори/регрутери се одвива исклучиво преку социјалните мрежи како Телеграм, Вотсап, односно слични апликации за комуникација, при што зачленувањето е исклучиво во затворен круг односно преку покана на пријател или лице коешто е член на групата односно администраторот.
    7. Апликациите коишто нудат „брза заработка“ не се достапни на „PlayStore“ односно „AppleStore“ и истите можете да ги инсталирате на вашиот електронски уред исклучиво со претходна покана на пријател.
    8. Не можете да најдете податоци за техничка поддршка за самата платформа, односно не постојат ниту телефонски броеви ниту електронско сандаче за контакт.
    9. Средствата коишто ги депонирате не можете да ги располагате слободно, односно истите не можете да ги повлечете тогаш кога сакате или доколку постојат такви можности истото се врши за одредена провизија, која понекогаш може да биде поголема од самата „инвестиција“.
    10. Платформата интензивно се рекламира дека соработува со реномирани компании со цел да прикаже дека поседува легитимитет.
    11. Заработката од платформата е поврзана со извршување на одредени задачи, внесување на нови членови како и инвестирање со цел напредување во хиерархијата на апликацијата која овозможува дополнителна заработка.

    Дополнително, Управата за финансиско разузнавање ги повикува менувачниците за крипто-средства во целост да го почитуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

    Управата апелира, граѓаните коишто се жртви на ваквите измами да ги пријават до надлежните органи.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img