Некои симптоми на деменција може да се забележат на порана возраст, па затоа не е лоша идеја да се информирате за помалку познатите знаци кои укажуваат на деменција.
Според Националната здравствена служба (NHS), бројот на луѓе на кои им е дијагностицирана деменција рапидно се зголемува. Сепак, иако не постои лек, раното откривање на симптомите на деменција може да доведе до навремена поддршка и грижа.
Здравствениот експерт Rhysa Phommachanh, кој работи во Landys Chemist, советува да обрнеме внимание доколку забележиме рани знаци на деменција кај најблиските и да ги упатиме на лекар за евалуација, пишува klix.ba.
Ова се пет помалку познати знаци кои секој треба да ги знае.
Губење на меморијата што влијае на секојдневниот живот
Еден од знаците е губење на меморијата што влијае на секојдневниот живот. Поединците може да заборават на неодамна научените информации, да ги поставуваат истите прашања одново и одново или сè повеќе да се потпираат на земање белешки и слични методи.
Тешкотии со познати задачи
Вршењето секојдневни активности може да стане вистински предизвик за оние кои се борат со деменција. Rhyss наведува дека ова вклучува тешкотии со задачи како што се возење на познати локации, управување со финансии или сеќавање на правилата на омилената игра.
Изгубени во времето и просторот
Чест симптом на деменција е дезориентација во времето и просторот. Поединци може да заборават каде се, како стигнале таму или може да изгубат трага за датумите и годишните времиња. Оваа конфузија оди подалеку од едноставното заборавање и може да доведе до значителна дезориентација.
Промени во расположението и личноста
Кај пациенти со деменција често се забележуваат промени во расположението и личноста. Риса наведува дека овие промени може да вклучуваат зголемена конфузија, сомнеж, депресија или анксиозност. Луѓето лесно можат да се вознемират во ситуации надвор од нивната комфорна зона, покажувајќи посериозни и постојани промени во расположението отколку нормалното однесување.
Проблеми во комуникацијата
Деменцијата може да се манифестира како тешкотии во пронаоѓањето на вистинските зборови, повторување зборови во разговорот.