Бесими: Платите во Буџетот за 2023 година се дефинирани според можностите, вкалкулирани се зголемувањата во секторите направени оваа година, а кратење нема да има во ниту едно од правата на работниците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Платите во Буџетот за 2023 година се дефинирани според можностите, вкалкулирани се зголемувањата во секторите направени оваа година, а кратење нема да има во ниту едно од правата на работниците, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Ако просечната плата наредната година во просек дава десет отсто зголемување, тоа значи дека од март минималната плата ќе се зголеми за десет отсто. И државните службеници каде е влезена минималната плата како основица, ќе имаат линеарно зголемување на платите – рече Бесими во вечерашното гостување на Телевизија 24.

Според него, не се проектирани нови даноци, но можно е да престанат дел од даночните ослободувања.

На прашањето во кои сегменти со новиот Буџет се планира штедење, министерот објасни дека тоа пред се се однесува на непродуктивните трошоци – мебел, возила и патни трошоци, но нема да има и зголемување на администрацијата.

Бесими апелира да се штеди струја, зашто тоа, рече тој, e главниот, најдобар и најбрз одговор во овој период на криза.

– Главниот збор во овој период е штедење. Колку што можеме да штедиме од аспект на енергенси, ќе биде корисно. Штедење, зашто дополнителното трошење само може да ги држи цените на виско ниво, а тоа дополнително рефлектира на намалување на животниот стандард. Целта е да се избегне феноменот од седумдесетите, т.н. стагфлација – потенцира Бесими.

За справување со кризата догодина одвоени се 250 милиони евра.

– Досегашните мерки ќе продолжат, посебно за најранливите категории граѓани. Во првата половина од годината ќе продолжат субвенционираното ДДВ и субвенционираната цена од ЕСМ со тоа што ќе има одредено зголемување на цените, а ќе има и разни мерки за таргетираните и ранливите категории – рече Бесими.

Share This Article