Бесими објасни дека одложувањето на еврообврзницата е во координација со банките и инвеститорите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Следната аукција за деветтата еврообврзница на РС Македонија ќе биде на сума од 600 милиони евра. Инвеститорите кои претходно наддаваа за неа, се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда. Постапката за повторување на аукцијата, од правен аспект е и во интерес на инвеститорите, додека тврдењата кои излегоа во јавноста дека ќе се плаќаат некакви пенали кон нив се невистините, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата во интервју за првиот програм на националниот сервис МТВ, Бесими посочи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано, бидејќи согласно процедурата од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да изминат 5 работни дена. Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите и од аспект на запазување на процедурата, најоптимална одлука е потворување на аукцијата.

– Имаме одличен конзорциум на банки, кој веќе 20 години не поддржуваат на финансиските пазари. Бевме во комуникација со инвеститорите, тие беа информирани, информиравме и на платформата Блумберг и излеговме веднаш со соопштение за јавноста. Во ваква ситуација, најдобро за инвеститорите е повторно да се повтори аукцијата, отколку да се остави правен вакум дали важи тоа мислење или не. Доколку се издаде неважечки документ, тоа би било поголема штета и тоа инвеститорите го ценат – истакна министерот.

Тој напомена дека на претходната аукција главно се пријавени инвеститори кои и досега поседувале наши еврообврзници и се и понатаму заинтересирани за запишување на деветата еврообврзница. Следствено, очекува, како што рече, и следната аукција да биде успешна. За каматата истакна дека не би шпекулирал, бидејќи тоа зависи од меѓународните пазари.

– Слушнав одредени коментари дека се тргувала еврообврзницата на секундарниот пазар. Тоа не е точно, бидејќи таа воопшто не била издадена, односно не ја поседувале инвеститорите за да ја тргуваат – нагласи Бесими и ги поби гласините дека на инвеститорите треба да им се исплатат пенали.

Според него, со средствата од еврообврзницата ќе се финансира евробврзицата од 2016 година, која доспева во јули, па, соодветно, има доволно време за да се заврши процесот на издавање на еврообврзницата.

Share This Article