More

    Бензинот поскапува и до 40 отсто за странците во Унгарија

    spot_img

    Странските возачи во Унгарија од петокот треба да плаќаат значително повисока цена за бензинот од унгарските граѓани, а унгарските медиуми наведуваат дека тоа е разлика од околу 40 отсто.

    Указот беше објавен во унгарскиот Службен весник во четвртокот навечер, нешто пред полноќ. Уредбата предвидува возачите со автомобили со странски регистарски таблички повеќе да не можат да точат гориво по официјално утврдената цена од 480 форинти (околу 1,22 евра) за бензин и дизел од 95 октани, туку гориво ќе купуваат по пазарна цена.

    Според медиумите пазарната цена е за 40 отсто повисока од пропишаната.

    Владата на премиерот Виктор Орбан лани во ноември со уредба ја одреди цената на горивата и таа ќе важи до 1 јули. Унгарската влада со овој потег се обиде да им олесни на возачите да не го почувствуваат глобалниот пораст на цените на енергијата.

    Досега странските автомобили можеа да полнат гориво по иста цена како и унгарските граѓани. Но, владините претставници во четвртокот ненадејно најавија дека од петок ќе важи пазарната цена за странците.

    Медиумите наведуваат дека во четвртокот вечерта биле забележани гужви на бензинските пумпи на места во близина на границата со Австрија и Словачка, додека граѓаните на тие земји се обидувале да ја искористат последната шанса да купат поевтино гориво.

    Поради различниот третман на граѓаните од другите земји на ЕУ на бензинските пумпи, се поставува прашањето дали потегот на Унгарија ги прекршува европските правила за антидискриминација.

    Шефот на кабинетот на Орбан, Антал Роган, на телевизија призна дека може да има дискусии за оваа регулатива во Брисел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img