More

    Дали заканата од Иран се остварува? Нападнати американски воени бази во Ирак

    spot_img

    Беспилотни летала и ракети ја нападнаа воздухопловната база Аин ал Асад во западен Ирак, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили, во четвртокот вечерта, додека неколку експлозии се слушнаа во базата, соопштија два безбедносни извори.

    Ирачката армија извести дека ја затворила областа околу воздухопловната база, а во меѓувреме започнала истрага за овој случај. Тој се уште не знае дали има жртви или материјална штета.

    Покрај гореспоменатата база на западот од земјата, проектилите погодија и воена база на американски војници во близина на аеродромот во Багдад, соопшти ирачката полиција, но без дополнителни информации.

    Во последните 24 часа мета биле четири воени бази во Ирак, каде се стационирани американски воени сили, при што помал број војници се здобиле со полесни повреди.

    Минатата недела вооружените групи поврзани со Иран се заканија дека ќе гаѓаат објекти поврзани со САД со проектили и беспилотни летала доколку Вашингтон интервенира на страната на Израел во војната против Хамас во Газа.

    Во моментов има 2.500 американски војници во Ирак и уште 900 во соседна Сирија, како дел од мисијата чија цел е да им помогне на локалните сили во борбата против Исламската држава, која зазеде делови од територијата на двете земји во 2014 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img