Ден по финалето на Светското првенство во кое Аргентина со подобро изведување на пенали ја совлада Франција, Карим Бензема објави крај на репрезентативната кариера.Овогодинешниот освојувач на „Златната топка“ се најде на списокот на францускиот селектор Дидие Дешам за Светското првенство, но отпадна поради повреда непосредно пред почетокот на турнирот.
Постоеше можност Бензема да игра во финалето против „гаучосите“, но францускиот тренер ја отфрли таа опција и јасно стави до знаење дека не е во најдобри односи со напаѓачот на Реал Мадрид.
Поради ова Бензема се огласи два дена пред финалниот меч, па дури и ја одби поканата на францускиот претседател да дојде на финалето во Катар со својот авион. Но, 35-годишниот напаѓач не застана тука. Тој повторно се огласи на Инстаграм, а многумина тврдат дека оваа порака е упатена и до Дешам:
„Ова е многу важно: достапност“, напиша францускиот напаѓач, навидум потсетувајќи го Дешам дека е подготвен и достапен за турнирот во Катар.