Познатото дуо ДНК реши да ја даде на лицитација статуетката од „Златна Бубамара“ со која биле наградени, а за да соберат средства за лекување на Леонид Индов-Лео. Аукцијата која се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ трае до поденелник и до сегашниот момент понудата стигнала до 80.000 денари. Дуото ја доби статуетката за „Песна на годината“ за нивната нумера „Посреќна“, која станува хит во последните месеци.
На сцената во „Борис Трајковски“ се појави и раперот Раде Врчаковски Врчак, кој предизвика овации и аплауз.
Ви ја пренесуваме во целост објавата на ДНК:
„Почитувани,
Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара, решивме да ја ставиме на лицитација за хумани цели. Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ – ЛЕО кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот. За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности.
Почетната цена на статуетката е 6.000 денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. (сумата напишете ја во коментар). Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело.
Сопственик на бубамарата ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум ДВАЕСЕТ и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената Борис Трајковски.
Лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.
Ваши, Панчо и Андреј.
ПС: Уште еднаш сакаме јавно да му се заблагодариме на Ранко Петровиќ за наградата и можноста да настапиме на Златна Бубамара.
Наградите ни се секогаш драги и добредојдени, и воедно не мотивираат и обврзуваат да работиме подобро и посовесно. – стои во објавата на официјалниот профил на ДНК.
Инаку, моментално за статуетката се понудени 80.000 денари, но со оглед на тоа дека лицитацијата трае до понеделник, сигурни сме дека ќе има и повисоки понуди.
Истото момците го направија и минатата година. И тогаш нивната статуетка ја ставија на лицитација и собраните средства ги донираа во хуманитарни цели“, се вели во објавата.