Белорускиот претседател Александар Лукашенко е примен во болница во Минск

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е примен во болница во Минск, објавија белоруските медиуми.

Лукашенко  пристигнал во болницата околу 19 часот. Додека тој со вообичаенат придружба доаѓал кон болницата приодот до болницата бил блокиран од полицијата и војската, а чуварите ги набљудувале улиците во областа на болницата

Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9 мај, кога присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва заедно со рускиот претседател Владимир Путин.

Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо. За разлика од другите лидери кои беа на прославата, Лукашенко мораше да се вози дури и на кратки патеки. Поради слабост, тој го пропуштил и официјалниот ручек со Путин.

Ројтерс објави дека Лукашенко изгледал „уморно“ и „нервозно тропа со нозете“, има видлив завој на десната рака и дека генерално се чинеше дека не е добро.

Подоцна истиот ден Лукашенко присуствуваше на прославата на Денот на победата во Минск. Но, тој ја прекина традицијата и наместо војничка униформа облече костум и не одржа говор. Во последните две недели присуствуваше на малку настани.

Share This Article