More

    Бектеши со јасен став за спојувањето на концесиите за рудникот Иловица

    spot_img

    „Уште сто пати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, објаснувајќи зошто е побарано и одобрено спојување на две концесии за експлоатација на бакар и злато од компанијата Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, за рудникот Иловица.

    Бектеши веднаш по враќањето од САД се обрати пред новинарите за случајот со рудникот Иловица. Според него,  Министерството за економија само го почитувало законот и насоките дадени од Управниот суд.

    Во презентацијата на целиот процес за добивање две концесии за рудникот Иловица, министерот за економија нагласи дека за првата концесија, постапката започнала во 2005 година, а завршила со потпис на концесија од тогашниот министер Зоран Ставревски во 2012 година. Но, откако фирмата во 2016 год побарала дозвола за експлоатација, министерството за економија во 2019 во време на Бектеши како министер, ја одбиле фирмата со образложение дека документацијата е некомплетна.

    За втората концесија, иницијативата била отпочната во 2009 год, ги поминала исто така сите фази и позитивни мислења од  сите надлежни министерства како и од Општините Босилево и Ново Село и одлуката за давање на концесија била потпишана од тогашниот премиер Никола Груевски во 2015 година. Кога повторно во Министерството за економија било побарана дозвола за експлоатација, во 2019 год било донесено решение дека документацијата е некомплетна.

    Бектеши соопшти дека фирмата два пати побарала да се спојат двете концесии и тоа во 2018 и во 2019, но по предлогот за спојување немало одлуки и токму тоа е причина поради која  Управниот суд  сега донел одлука дека мора да се одлучува по барањето за спојување на двете концесии.

    На прашањето зошто како министер инсистирал за итно носење на одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица, Бектеши рече дека итноста била заради другите предмети што ги имале во моментот.

    -Не успеав да се слушнам со колегите, но целосно ги отфрлам сите тврдења кои деновиве ги видов во медиумите. Во сите документи имаа увид преку системот е-влада, ден претходно. Со никој од нив не сум во нарушени односи и во вторник на седница се ќе им презентирам, и додатно ќе им ја доставам хронологијата за тоа како е дојдено до концесии. Итноста на точката е заради други предмети кои ги имаме во моментов, а се наоѓаат пред меѓународна арбитража, но не можам да откривам детали за да не наштетам на постапките, рече Бектеши.

    На седницата што се одржа на 27 јуни, Владата гласаше двете концесии да бидат споени, едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с.Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која опфаќа дел и во општина Ново Село. Владината одлука за рудникот Иловица предизвика многу реакции во јавноста, најголем дел против отворањето на рудникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img