More

    Бектеши: Повеќе од 7.000 ваучери во вредност од 23.000 до 25.000 денари ќе додели Министерството за економија на граѓаните кои ќе сакаат да купат инвертери

    spot_img

    Повеќе од 7.000 ваучери во вредност од 23.000 до 25.000 денари ќе додели Министерството за економија на граѓаните кои ќе сакаат да купат инвертери, најави денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

    Програмата за субвенционирање за енергетска ефикасност на домаќинствата која годинава е проширена тежи повеќе од 4 милиони евра.

    – Од утре ќе биде објавен јавен повик за доделување на ваучери од 25.000 денари по домаќинство за оние што живеат на територијата на пелагонискиот регион, односно општините Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени како и за општините Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа. За Овие општини има одвоено 100 милиони денари – изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

    Бектеши информира дека во останатите региони ќе се доделува ваучер од 23.000 денари за инвертери, а ваучери ќе се доделуваат и за ранливите категории граѓани.

    -Ваучер  од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000 днари) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари). Ваучер од 30.000 денари ќе се доделува на домаќинство со четири члена кое има вкупен приход од 40.000 денари и домаќинства со пет члена и повеќе чиј вкупен приход не надминува 45.000 денари – информира Бектеши.

    Тој соопшти дека сите домаќинства ќе може да аплицираат ако во изминатите три календарски години не користеле субвенции за грејни уреди, немаат приклучок за градско централно греење, ако уредот е купен и вграден во 2024 година, а најдоцна до 30 ноември 2024 година и уредот да е инвертер клима. Граѓаните треба да аплицираат во Министерството за економија.

    Доколку има поголем интерес Министерството за економија ќе издвои и дополнителен износ на пари за да се одговори на сите барања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img