Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од 5%, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши кој иако не го погледнал списокот нап роизводи со ДДВ од 10% најави корекција доколку има основни прехранбени производи на него.
Белтеши појасни дека цената на основните прехранбени производи кои се со гарантирана цена може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена.
Како што истакна Бектеши и покрај предвиденото зголемување на ДДВ-то „нема шанси да порасне инфлацијата во делот на храната“ иако статстика денеска објави дека во септември во однос на август инфлацијата се зголемила за о,1%, а во однос на септември лани за 6,6 %
Тој се уште во целост не го погледнал списокот на производи за кои се најавува зголемување на данокот на додадена вредност, новели, доколку се утврди дека со неа се опфатени и некои од основните прехранбени производи со гарантирана цена, ќе биде веднаш корегирано.
-Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано. Во однос на другите производи, тоа е одлука на Министерството за финансии и ќе имаме можност дополнително да ја разгледуваме. Јас утрово разгледав одредени производи од листата, во текот на денот ќе ја прочитам цела листа и ако има потреба, утре на владина седница, како Министерство за економија ќе го кажеме нашиот став – подвлече Бектеши.
На прв поглед, дополни, двете одлуки, за „гарантирана цена“ и за зголемен ДДВ можеби се контрадикторни, но, како што потсети, листата на производи со замрзната цена е направена врз основа на анализи и факти.
Според него, има простор за дополнително намалување на цената на основните прехранбени производи до крајот на ноември и во декември и тоа, најави, ќе се случи.
– Основните прехранбени производи опфатени со одлуката за „гарантирана цена“ ќе бидат само намалени, не може да се случи да бидат зголемени. Нема опција тие да бидат поскапени – нагласи министерот.
Во врска со одлуката за овошјето и зеленчукот, потсети дека е изменета.
-Тука нема целосно замрзнување зашто ги укинавме царинските давачки и за јужното овошје и за други земјоделски производи. Затоа, да бидеме внимателни кога правиме споредби – рече Бектеши.
Министерот е уверен дека во однос на инфлацијата ќе биде надминато она што го вети Владата до крајот на годината. Во континуитет, секој месец, ќе има, како што напомена, намалување на инфлацијата, посебно во делот на храната.