More

    Бекам го купи Мајами за 25 милиони долари, а сега клубот вреди 1,5 милијарди!

    spot_img

    Шест пати повеќе следбеници на социјалните мрежи и двојно зголемена вредност на клубот – ефектот на Лионел Меси може да се види веднаш откако тој објави дека доаѓа во Интер Мајами, американскиот клуб во косопственост на Дејвид Бекам, што се натпреварува во Major League Soccer (МЛС).

    Позитивниот тренд најчесто се  мери според зголемувањето на бројот на следбеници на социјалните мрежи. Пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имаше само 900.000 следбеници на Инстаграм, а ден по објавувањето таа бројка е шест пати поголема. Ова е навестување за огромната заработка која ќе дојде за клубот и за целата лига со овој трансфер.

    Меси имаше слично влијание и кога отиде во редовите на ПСЖ. За две години парискиот клуб од него заработи 700 милиони евра и потпиша договори со десет нови спонзори. Продажбата на билети се зголеми, како и продажбата на дресови.

    Ефектот Лионел меси сега ја преплавува и Америка по неговиот сензационален трансфер во Интер Мајами.

    Една порака ја смени историјата!

    За трансферот на Аргентинецот во американската лига најзаслужен е токму Дејвид Бекам. А, целата приказна всушност, започнала со една порака во 2018 година.

    Поранешниот англиски репрезентативец тогаш ја доби наградата на 25-годишнината од МЛС, а Меси го контактирал на социјалните мрежи и му порачал да му се јави за неколку години. Пет години подоцна, Бекам му се јавил на Меси т тој стана нов играч на неговиот клуб.

    Најдобриот фудбалер на сите времиња, откако го објави трансферот, ја увери јавноста дека парите не биле клучни за неговата преселба во Мајами. Но, вистината е дека во овој трансфер носи и многу пари и голем профит. Меси замина во МЛС како слободен играч, а никој не знае точно каков бил неговиот договор со Бекам.

    Се претпоставува дека Аргентинецот ќе добие дел од спонзорството на Епл на лигата, кое вреди две и пол милијарди долари за десет години и дел од спонзорството на Адидас. Епл треба да направи и документарен серијал за Меси, од кој и тој би имал профит.

    Дали Меси ќе добие сопственички удел како Бекам?

    Но, профитот на Меси не може да се спореди со оној кои во текот на годините ги направија Бекам и неговите соработници, браќата Хорхе и Хозе Мас. Имено, кога Бекам пристигна во МЛС во 2007 година му беше овозможено да „влезе“ во сопственичката структура за 25 милиони долари.

    Во споредба со денешните вредности на клубот од МЛС, тоа изгледа како безначајна сума. Тој го купи Интер Мајами во 2014 година, но му требаше извесно време да го подигне и да го стартува. Клубот официјално беше претставен во 2018 година, а првиот натпревар го одигра во 2020 година.

    Дотогаш вредноста на клубот од стартните 25 порасна на 857 милиони долари. Доаѓањето на Меси, заедно со инфлацијата и другите фактори, би требало да ја удвои таа вредност, што значи дека Интер Мајами со Беками со Меси во тандем, ќе стане најскап во МЛС. Според проценките, вредност на клубот од Мајами наскоро би можела да надмине една и пол милијарда долари.

    Во меѓувреме се отвори и прашањето дали Лионел Меси ќе добие сопственички удел во Интер Мајами.

    Кога пред повеќе од една година прв пат се појавија вестите што го поврзуваа Меси со Интер Мајами, се појавија некои извештаи дека од МЛС му понудиле на Меси сопственички удел, во слична зделка како таа со Дејвид Бекам.

    Повеќето извештаи во тоа време тврдеа дека на Меси ќе му биде понудено 35 отсто од акциите во Интер Мајами, додека некои понатаму шпекулираа дека МЛС може да создаде слична опција за франшиза како онаа што Дејвид Бекам ја доби кога се приклучи во 2007 година, што му овозможи да поседува тим за проширување за само 25 милиони долари, мал дел од вообичаената такса за проширување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img