More

    Беби Дол се врати по долга илегала, изгледа непрепознатливо

    spot_img

    Српската пејачка Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол (61), во последните години е во центарот на вниманието поради шпекулациите за нејзината лоша финансиска состојба, па многумина се запрашаа како денес изгледа познатата уметница.

    Во врска со ова, на социјалните мрежи се појави видео од пејачката, кое шокираше многумина, со оглед на тоа што познатата музичарка драстично го променила имиџот.

    Имено, заштитен знак на Беби Дол отсекогаш била долгата руса коса, но овој пат таа е фотографирана со драстично скратена коса, и тоа додека нејзин пријател, кој е и нејзин фризер и шминкер, ја стилизирал во салонот за едно снимање.

     

    Беби Дол позирала со долги вештачки трепки, облечена провокативно и со нова фризура, па привлече огромно внимание, додека сите коментираат дека им е мило што гледаат дека на пејачката добро и во животот.

    Како што може да се заклучи од објавата, Беби Дол изгледа препородено и доста добро, а се чини дека лошиот период од нејзиниот живот сега е зад неа и дека е подготвена за нови работни победи.

    Беби Дол неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста поради наводите дека се храни во народна кујна во Белград. Недолго откако еден вработен во народната кујна рекол дека „Беби Дол доаѓа по следувањето“, се огласил сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ и рекол дека ѝ понудил работа, а сега пејачката повторно е во центарот на вниманието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img