Барселона ја брка својата 27-ма титула во шпанската лига оваа сезона и прва по четири години. На Камп Ноу не само што се задоволни од тоа достигнување, туку сакаат што поскоро да се вратат на врвот на Европа. Сезонава целосно потфрлија на тој план. Во Лигата на шампионите испаднаа во групата, а натпреварувањето го продолжија во Лига Европа каде подобар од нив беше Манчестер Јунајтед.
„Контактиравме со тимот на Меси. Лео знае колку го цениме и би сакал да се врати во Барселона. Бев вклучен во преговорите пред две години и се уште се сеќавам колку беше тешко да го пуштам. Сигурно дека Меси ја сака Барса и градот, па се надеваме дека ќе ги најдеме вистинските услови за продолжување на неговата приказна“.
Спорт пишува дека Чави има визија во која клучна точка е враќањето на Лионел Меси, кој моментално ја игра втората сезона во ПСЖ. На ова се работи поинтензивно од кога било. Покрај одличниот однос помеѓу Меси и Чави, причина за оптимизам е и напорната работа на претседателот Жоан Лапорта и постојаните контакти со таткото на Меси, како и улогата на Алехандро Ечеварија, поранешниот девер на Лапорта, кој наводно веќе се сретна со аргентинскиот играч.
Извори блиски до „блауграната“ велат дека Чави веќе составува тим со Меси, а во ниту еден од плановите не се споменува можноста тој да не се врати во клубот во кој мина 17 години од својата професионална кариера и четири години во младинскиот погон.
Интересно е и тоа што Чави во него гледа дополнителен играч од средниот ред и плејмејкер. Меси веќе не е на својот физички врв, но неговиот преглед на играта и последното додавање се уште се ненадминати, па Чави сака да го турне на позицијата десет или крило кое би влегло во средината на теренот.
Можно е, во тој поглед, Барселона да игра во дијамант на средината на теренот. Тоа може да значи дека Барселона по речиси 20 години ќе се откаже од формацијата 4-3-3 по која стана позната и под која го постигна најголемиот успех.
Чави наводно веќе насетил како соблекувалната размислува за евентуалното враќање на Меси и доби палец од играчите. Ова може да биде особено важно во контекст на Серхио Бускетс, кој се очекува да си замине на лето. Сепак, шпанскиот играч од средниот ред речиси сигурно ќе остане и ќе игра уште една сезона доколку Меси се врати.
Аргентинецот има на маса понуда од ПСЖ за продолжување на договорот, астрономска понуда од Саудијците и опција да замине во Интер од Мајами. Сето ова ќе се распадне доколку УЕФА ја казни Барселона со забрана на една година од европските натпреварувања поради голем скандал со купување судии.