Шпанскиот фудбалски гигант Барселона соопшти денеска дека продала 25 отсто од телевизиските права на компанијата „Sixth street“.
Компанијата ќе ги има правата во следните 25 години да ги пренесува натпреварите на каталонскиот клуб, а Барселона, според договорот, ќе инкасира инстант приход од 519 милиони евра.
– Продолжуваме да ја унапредуваме нашата стратегија и пресреќни сме што го комплетиравме овој договор со „Sixth street“, кој значително финансиски ќе нè зајакне – изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
Приходот од продажбата на телевизиските права ќе и помогне на Барселона да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ги сервисира постојните трошоци, вклучувајќи ги трансферите на Роберт Левандовски и Рафиња, за чие ангажирање каталонскиот гигант потроши 110 милиони евра.