„Барбиката Лепа Брена“ беше и остана симбол на незаборавно време и музичка еуфорија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачката Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на музичката сцена во регионот, а пред 30 години за нејзината популарност придонесе и еден неверојатен хит – куклата со нејзиниот лик.

Откако беше пуштена во продажба, „Барбиката Лепа Брена“ беше и остана симбол на незаборавно време и музичка еуфорија.

 

Лансирана истовремено со албумот „Боли ме уво за све“, што го следеше филмот „Ајде да се сакаме 3: Се мажи Лепа Брена“, оваа кукла со ликот на позната пејачка завладеа во југословенскиот простор и ги освои срцата на многумина.

Популарната кукла носеше костим и црвени чизми, исто како што беше облечена Лепа Брена во филмот и спотот за песната „Хајде да се волимо“. Беше спакувана во кутија, со што дополнително привлече внимание и стана омилен примерок за колекционирање на многу девојчиња и момчиња низ Југославија.

Оваа кукла и денес може да се најде на интернет по цена од дури 13.000 динари (околу 111 евра). Импресивно е што цената на оваа кукла е речиси тројно зголемена во последните три години, што јасно покажува колку многу е барана меѓу колекционерите. Судејќи според огласите, оваа кукла и е еден од најбараните сувенири од минатото.

Иако бизнисот со производство на кукли со ликот на Брена престана пред многу години, интересот за куклата никогаш не се намали.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article