More

    „Барби“ остана со празни раце

    spot_img

    На 81-то доделување на Златен глобус во Лос Анџелес, филмот „Опенхајмер“ во режија на Кристофер Нолан освои пет награди од осум номинации, вклучувајќи го и Златниот глобус за најдобар филм.

    Минатата година ја одбележаа многу филмови во кои уживавме, а сезоната на награди започна во Лос Анџелес со Златните глобуси, кои многумина го сметаат за најдобра најава за тоа кој би можел да добие Оскар. Историската драма „Опенхајмер“ и комедијата „Poor things“ ги освоија Златните глобуси за најдобри филмови, а ѕвездите од тие филмови, Килијан Марфи и Ема Стоун, ги добија наградите за најдобра машка и женска главна.

    Златен глобус за најдобар филм на годината во жанрот комедија или мјузикл освои филмот „Poor Things“, кој доби 8-минутни овации на Филмскиот фестивал во Венеција, додека во категоријата драма ова признание го освои остварувањето „Oppenheimer“.

    Килијан Марфи и Роберт Дауни помладиот добија награди за најдобри машки актери, додека Кристофер Нолан ја доби наградата за најдобар режисер.

    Повеќе од 300 новинари, кои гласаа за најдобрите филмски остварувања во минатата година, го прогласија „Oppenheimer“, приказната за развојот на атомската бомба, за најдобра драма. Филмот „Poor Things“ со Ема Стоун во улога на почината жена што научниците ја вратија во живот ја освои наградата за најдобра комедија. Тие на тој начин го победија еден од најголемите минатогодишни хитови, филмот „Барби“.

    Златен глобус за најдобра актерка во драма го освои Лили Гладстон за улогата во филмот „Killers of the Flower Moon“, додека најдобар актер во комедија беше Пол Џамати за улогата во филмот „The Holdovers “.

    Наградата за најдобра споредна женска улога отиде во рацете на Деј Вајн Џој Рендолф, која го освои Златниот глобус за најдобра споредна женска улога во филмот „The Holdovers“. За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Anatomy of a Fall“, која ја доби и наградата за најдобро сценарио. „The Boy and the Heron“ ја доби наградата за најдобар анимиран филм. Очекувано, доминацијата во драмската телевизиска серија повторно ја зазеде „Succession“, а серијата „The Bear“ го направи истото во категоријата комедии.

    Златниот глобус за најдобра машка и женска улога во серијата го освоија актерите на „Succession“, Киеран Калкин и Сара Снук.

    Филмот „Барби“ ја освои првата награда за заработка на бокс офисот, откако заработи 1,4 милијарди долари во кината ширум светот. Иако глобалниот феномен „Барби“ водеше на листата со дури 10 номинации, тој доби само две награди и тоа за најдобра авторска песна и за филмот кој освои најголема заработка во кино.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img