More

    Балансерот се претвори во алатка за понижување и злоупотреба

    spot_img

    Алатката „балансер“, со која се определува од која национална припадност ќе бидат кандидатите што имаат предност при некое вработување во јавна институција, треба да се укине затоа што се злоупотребува – изјави Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупција во настап на ТВ 21.

    – Луѓето лажат за нешто што е најчувствивтелно за нив, за да можат да се вработат – рече Бајрами.

    Тој вели дека се случувало едно лице во еден ист оглас да се определи како Македонец, како Албанец и како Ром! Според Бајрамибалансерот веќе станал алатка за понижување.

    – Замислете сега, без исклучок, и раководни лица на управни институции и лица во обвинителството, толкуваат дека тоа е неотуѓиво уставно право на определба, слобода на декларирањето на етничката припадност. Не е точно, како е можно во истиот оглас, кога аплицираш во 15 минути на повеќе работни места, да се изјаснуваш во три различни етнички заедници? Не, слободата е до тука. Ти можеш да се определиш, никој нема да ти пречи, но треба да се спроведува некоја постапка, треба да ги избришеш сите евиденции каде веќе еднаш си се изјаснил поинаку – рече Бајрами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img