Бајден: САД нема да дозволат Русија да ги заплашува европските земји со вклучување на гасот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Соединетите Американски Држави нема да дозволат Москва да ги „заплашува“ европските земји заканувајќи им се дека ќе ги лиши од снабдувањето со енергија, изјави американскиот претседател Џо Бајден по прекинот на испораката на руски гас за Полска и Бугарија.

„Нема да им дозволиме да ги користат резервите на нафта или гас за да ги избегнат последиците од нивната агресија“ во Украина, рече американскиот претседател.

„Работиме со други земји како Кореја, Јапонија и Катар за да им помогнеме на нашите европски сојузници на кои им се заканува уцена со руски гас“, додаде тој.

Во средата рускиот гигант Газпром ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска, членки на Европската унија и НАТО, со закана од недостиг во Централна и Источна Европа, но и на целиот европски континент.

Американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен изјави дека Русија на некој начин си штети самата себеси со тоа што се лишува од приходите од продажбата на гас на двете земји.

Блиникен, исто така, укажа на зголемените испораки на течен природен гас од Соединетите Држави во Европа за да помогне да се надоместат можните недостиг, вклучително и оние предизвикани од руската „уцена“.

Share This Article