Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека размислува за дополнителни санкции против Русија, три дена по смртта на противникот на Кремљ, Алексеј Навални.
„Веќе имаме санкции, но сме во процес на разгледување дополнителни“, им рече Бајден на новинарите и повтори дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за одговорен за смртта на Навални во петокот во затвор во рускиот арктички круг.
САД и Европската унија веќе примениле серија санкции против Москва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.