Бајден по прашањето, го нападна новинарот прашувајќи го да не „паднал“ на глава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. President Joe Biden listens to a question from a reporter after speaking at an event about the economy, at the White House in Washington, U.S., October 23, 2023. REUTERS/Leah Millis

„Да не си паднал на глава или слично“? Претседателот Џо Бајден го овие зборови го нападна новинарот кој му постави незгодно прашање откако тој пристигна на аеродромот во Филаделфија.

Шефот на Белата куќа беше запрашан дали планира да го отслужи целосно втор мандат како претседател или да ја предаде власта на потпретседателката Камала Харис во одреден момент пред јануари 2029-та година.

Тоа е датумот до кој Бајден треба да биде на чело на САД доколку обезбеди реизбор во ноември.

„Њујорк пост“ објави дека демократскиот претседателски кандидат во градот подоцна одржал предизборен митинг во полупразна локална училишна сала.

– Дали си добро? – му одговори Бајден на новинарот кој му постави прашање, покажувајќи му со прстот во главата.

Мораше да вика бидејќи му пречеше вревата од авионот.

– Дали си добро? Не си повреден, нели? – рече Бајден сугерирајќи дека нешто не е во ред со главата на новинарот.

Притоа, овој му рекол на Бајден да се приближи, бидејќи новинарите кои стоеле подалеку од авионот не слушнале што зборува.

– Реков дали си добро? Дека не си паднал на глава или слично? – Бајден продолжи да вика од истото место.

- Advertisement -
Ad image

Тоа предизвика смеа кај официјалните лица собрани околу него, вклучувајќи го и Боб Кејси, демократски сенатор од Пенсилванија.

„Њујорк пост“ потсетува дека републиканците често тврдат дека гласот за Бајден на претседателските избори е всушност глас за неговата потпретседателка за таа да може да ја преземе Белата куќа, бидејќи актуелниот претседател, доколку успее да го заврши својот втор мандат ќе има 86 години.

Се вели дека анкетите покажуваат дека мнозинството Американци се загрижени за неговата способност да служи цели осум години на чело на земјата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article