More

    Косовската полиција вчера уапсила едно лице во Лепосавиќ, маж со иницијали М.К., под сомнение за кражба на идентитет, односно со документи од Србија и од Косово со различни имиња и презимиња

    spot_img

    Косовската полиција вчера уапсила едно лице во Лепосавиќ, маж со иницијали М.К., под сомнение за кражба на идентитет, односно со документи од Србија и од Косово со различни имиња и презимиња, јави косовскиот медиум на српски јазик, КоССев.

    Веста за порталот ја потврди заменик командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој наведува дека надлежните служби имале сознанија за евентуално извршување на кривично дело кражба на идентитет од страна на приведениот.

    Службениците на редовната единица на косовската полиција вчера го запреле М.К. на територијата на општина Лепосавиќ, а потоа го привеле, по што од надлежен обивинител му е одреден притвор од 48 часа.

    -Ова лице има два идентитети – едниот за српски документи, а другиот за документи на Косово – изјави за КоСС, Ветон Ељшани.

    Истовремено, полицијата извршила претрес во куќата на М.К. во Северна Митровица, каде што пронашла и запленила доказен материјал, изјави Ељшани, без да прецизира што точно е одземено.

    М.К., пишува КоССев, неколку години бил ангажиран во Мрежата „Мост“ како новинар, односно член на надзорниот одбор на таа организација. Исто така важи и за близок соработник на актуелниот потпретседател на српската Влада, поранешниот директор на Канцеларијата за Косово, Александар Вулин и функционер во неговата партија, Движење на социјалистите.

    Во времето кога Вулин раководел со Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, М.К на терен бил задолжен за односи со медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img