Бајден пак се збуни, овојпат на самитот на АСЕАН

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Aмериканскиот претседател Џо Бајден направи уште едн гаф на самитот на АСЕАН кој се одржува во камбоџанскиот главен град Пном Пен. Овој пат, американскиот претседател ја згреши земјата домаќин на самитеот на АСЕАН и наместо Камбоџа ја нарече Колумбија, па така камбоџанскиот премиер Хуан Сен стана колумбијски премиер .

-Сега, кога сме повторно заедно овде во Камбоџа, со нетрпение очекувам да надградиме уште поголем напредок отколку што веќе сме постигнале, и сакам да му се заблагодарам на премиерот на Колумбија за неговото лидерство како претседавач со АСЕАН и за гостопримливоста – рече Бајден, пренесе Телегрф.

Бајден очигледно мислеше на премиерот на Камбоџа Хун Сен, кој во моментов претседава со АСЕАН.

Американскиот претседател, кој на својата голема турнеја покрај самитот АСЕАН во Пном Пен и климатскиот самит COP27 во Египет, треба да учествува и на самитот Г20 во Индонезија, направи слична грешка додека неодамна разговараше со новинарите во Белата куќа.

Бајден, кој ќе наполни 80 години изјави дека има намера повторно да се кандидира во 2024 година.

Share This Article