Американскиот претседател Џозеф Бајден направи уште еден гаф кога двапати погрешно го напиша името на градот Ролинг Форк, во Мисисипи, кој го посети со сопругата откако градот беше погоден од разорно торнадо.
Бајден, обраќајќи им се на присутните во градот, во два наврати го нарече Ролинг Форк како Ролинг Стоун.
Се грижам да имате место за спиење, храна за јадење, помагајќи ви да ги обновите вашите животи во Ролинг Стоун – рече Бајден.
Потоа ја повторил грешката, пренесува New York Post.
– Градот на Ролинг Стоун ќе се врати, а ние ќе бидеме со вас на секој чекор – рече Бајден.
Во петокот Бајден со сопругата Џил ги обиколи опустошените делови на градот Ролинг Форк, Мисисипи, откако најмалку 26 лица загинаа, а десетици други беа повредени во силната бура во Мисисипи и Алабама.