Бајден не гледа причина да се сретне со Путин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не гледа добра причина да се сретне со Владимир Путин на средината на следниот месец на самитот на Г-20 во Индонезија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Москва нема да ја одбие таа средба.

– Сѐ зависи од тоа што Путин би сакал да разговара. Ако сака да зборува за затворената американска кошаркарка во Русија, Бритни Грајнер, тогаш би можеле да разговараме. Но, слушајте, неговите постапки се брутални. Верувам дека извршил воени злосторства, па не гледам рационална причина да се сретнам со него сега – изјави Бајден за Си-Ен-Ен.

За војната во Украина, рече дека Владимир Путин „очигледно“ погрешно ја проценил ситуацијата , како и отпорот на кој ќе наидат руските војници.

– Мислам дека тој е рационална личност која очигледно погрешно ја процени ситуацијата – рече Бајден во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека не верува оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

– Не верувам во тоа. Мислам дека е неодговорно Путин да зборува за тоа, идејата дека лидерот на една од најголемите светски сили вели дека може да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина – додаде Бајден.

Бајден рече дека заканите на Путин имаат дестабилизирачки фактор и предупреди на потенцијални грешки во расудувањето.

– Поентата што сакам да ја наведам е дека грешките може да доведат до ужасен исход, но не затоа што некој сака сè да претвори во светска војна. Меѓутоа, кога еднаш ќе употребите нуклеарно оружје, кој знае што ќе се случи – рече Бајден.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article