Бајден најави дека САД ќе и се приклучат на Германија во воведување санкции за рускиот проект за природен гас „Северен тек 2“ како дел од санкциите против Москва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе и се приклучат на Германија во воведување санкции за рускиот проект за природен гас „Северен тек 2“ како дел од санкциите против Москва.

– Ѝ наредив на мојата администрација да воведе санкции за „Северен тек 2“ и неговите корпоративни службеници – рече Бајден.

Мерката, насочена кон една од најголемите геостратешки енергетски иницијативи на Русија, доаѓа откако Германија вчера објави дека го стопира спорниот проект.

Овој потег означува значајна промена во политиката на администрацијата кон Северен тек 2, која претходно вклучуваше санкционирање на некои од помалите субјекти вклучени во проектот, вклучително и некои руски компании и бродови кои помогнаа во изградбата, но уште немаше сакнции кон извршниот директор Матијас Варниг и општи санкции кон целиот проект, пренесе Бгнес.

Share This Article