Бајден го впери прстот во компаниите, ќе ги повика на одговорност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни.

„Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност”, напиша Бајден на Твитер.

Бајден ги упати луѓето чии летови беа откажани во Одделот за транспорт заради компензација.

Според FlightAware, веб-страница која ги следи дневните доцнења и откажувања на летови, околу 20.000 летови се откажани низ САД од 22 декември.

Арктичката зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави.

Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години.

Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник.

Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.

Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за државата Њујорк по смртоносната снежна бура.

Share This Article