More

    Бајден го потпиша законот со кој се дозволува продолжување на привременото финансирање на САД

    spot_img

    Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, потпиша закон со кој се овозможува продолжување на привременото државно финансирање, се вели во соопштението на Белата куќа на Си-Ен-Ен.

    Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во четвртокот усвои привремена законска мерка за финансирање на федералната влада до почетокот на март, со што ќе се спречи нејзино делумно исклучување, што Бајден го потпиша денеска.

    За мерката гласаа 314 членови на Долниот дом на Конгресот, додека 108 беа против – од кои 106 републиканци и двајца демократи. Претходно истиот предлог беше усвоен и од Сенатот со 77 гласа за и 18 против.

    Двата дома на Конгресот ја забрзаа процедурата за гласање, бидејќи снегот, кој се предвидува за петок, може да ги спречи членовите да го напуштат Вашингтон за викенд.

    Новите рокови за усвојување на законот за финансирање на владата истекуваат на 1 и 8 март, додава Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img