Бајден го исмеа Трамп пред новинарите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите за да го исмее Доналд Трамп за неговата незрелост, но се пошегува на сметка на својата поодмината возраст.

Бајден (81) го опиша Доналд (77) како инфантилен.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се натпреварувам против шестгодишно дете“, рече синоќа Бајден, кој го нарече својот републикански ривал „поспан Дон“, пренесува Си-Ен-Ен.

Зборувајќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден додаде дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст.

 

„Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“, додаде Бајден. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување уште еден претседателски мандат.

Претседателот на САД продолжи да укажува контрасти помеѓу неговата кампања за реизбор, која се засили по неговото обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец, и онаа на Трамп, кој беше спречен активно да се посвети на неа, поради судењето во Њујорк под обвинение дека му наложил на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен да и плати на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да излезе во јавноста за нивната наводна афера.

Според обвинението, Трамп тие пари ги покажал во деловните книги како трошоци за адвокат, што е незаконски.

– Направив голем напор уште од обраќањето за состојбата на нацијата, но Доналд имаше тешки неколку дена во последно време. Можете да ги наречете „бурни“, рече Бајден, алудирајќи на „сценското“ име на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article