Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, преку својот профил „Х“ ги повика Американците да се здружат и да ја отфрлат исламофобијата, по зголемениот број исламофобични напади во САД.
„Како Американци, ние мора да се здружиме и да ја отфрлиме исламофобијата и сите форми на фанатизам и омраза. Многупати сум кажал дека нема да молчам пред омразата“, напиша Бајден на социјалната мрежа.
Тој додаде дека тие мора да бидат недвосмислени и дека во Америка нема место за омраза кон никого.
Ова не е првпат американскиот претседател да зборува за да ја истакне дискриминацијата и говорот на омраза по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Америка како и цел свет ја потресе случајот кога маж избоде шестгодишно момче во Илиноис, само затоа што било муслиман.