More

    Бајден драматично ги качува даноците за Кина, „Форд“ и „Тесла“ веќе паничат

    spot_img

    Белата куќа објави царини од 102,5 отсто за кинеските електрични возила, а тоа е целосно салто мортале од она што беше претходна политика на САД. Објавена е „светска економска војна на е-возилата“. Според пишувањето на „Волстрит Џурнал“ официјалното објавување на новите тарифи треба да се случи утре.

    Тарифите се зголемени за четири пати од сегашните 25 отсто, но САД се загрижени дека ниту тоа не е доволно со оглед на опсегот на производството на Кина. Новиот данок ќе важи и за многу други зелени кинески производи.

    Нобеловецот и експерт Вилијам Нордхаус предупреди дека штетите од 14 трилиони долари  што ги направило човештвото врз климата се џуџе во споредба со можната нето придобивка од оваа одлука, приход кој во најдобар случај ќе изнесува 3,07 трилиони долари.

    „За разлика од претходната политика на повеќе западни држави дека неопходно е брзо менување на возилата со електрични возила поради климатските промени, сега гледаме дека најбитни се сепак економските интереси на САД“, анализира Јутарни лист.

    „Волстрит џурнал“ опишува каква паника се шири во познатите автомобилски фабрики „Форд“ и „Тесла“. „Форд“ го забави производството на е-верзијата на познатиот пикап камион поради падот на побарувачката. Фабриката губи 100.000 долари на секој произведен автомобил, иако се поскапи од кинеските конкуренти.

    Во „Тесла“ летаат откази, најавен е прекин на развојот на мрежата станици за е-полнење, а Илон Маск упорно бара да му биде исплатена награда од околу 56 милијарди долари од американските власти. Акциите на компанијата годинава паѓаат.

    Каква ќе биде ситуацијата во ЕУ? Слични најави за царини за поевтините кинески возила имаше и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен , жена која уште од почетокот на својот мандат инсистираше ЕУ да копира различни американски стратегии и потези, дури и кога тоа не беше јасно кои се европските интереси.

    Едно е сигурно, агендата на Обединетите нации за климатските промени е доведена под знак прашалник. Иднината со електрични возила ќе биде поскапа отколку што се мислеше.

    Имено, трошоците за Зелениот нов договор на САД речиси се дуплирале, од 51 на 93 милиони долари за следните 10 години, а прашање е од каде ќе се најдат дополнителните пари за „зелената иднина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img