More

    Бајден демантира дека се откажува од кандидатурата

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември.

    -Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме – рече претседателот, пренесен од американските медиуми.

    Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во САД.

    – Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ќе го чуваме и ние неговиот – изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.

    Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.

    – Претседателот учествува во трката за да победи – истакна таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img