More

    Бајага проговори за разводот од сопругата Емилија по 33 години брак

    spot_img

    Српскиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага проговори за разводот од сопругата Емилија по 33 години брак. Тој рекол дека е точно дека за нивниот развод се дознало дури по две години.

    „Мислам дека тоа е непристојно, некој сака сите да знаат за неговиот приватен живот, а јас мислам дека приватниот живот сепак е приватна работа. Мора да постои некој момент што не им е познат на сите“, рекол Бајага за „ИнМагазин“.

    „Ги презирам реалните шоуа и тоа претерано изложување и гледање во чиниите и бањите на луѓето. Тоа што го јадев вчера е сосема неважно. Луѓето треба да се интересираат за мојата музика“, додал тој.

    Бајага се осврнал и на својата внука. Сопругата на синот на Бајага роди девојче на 27 декември лани, а гордите родители на детето му го дадоа името Сара.

    „Таа има 10 месеци и навистина е големо задоволство кога ја гледате втората, третата генерација. Едвај чекам да порасне, да почне да оди, да можам да ја однесам во Зоолошка градина, на прошетка”, рекол гордиот дедо.

    Инаку, Бајага летово во интервју откри дека не го изненадил интересот на јавноста за неговиот развод.

    „Мислам дека беше паметно што успеав долго да ја задржам таа информација долго за себе и немаше голема паника. Својот приватен живот не го изнесувам во јавноста и поради децата ми беше мило што не излезе веднаш во јавност, ним им беше полесно поради тоа“, рекол тогаш Бајага.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img