Денес во Автокампот Љубаниште, кој единствен угостителски комплекс со комплетно решение за пристап и претсој на лица со телесени инвалидитети во Р.Македонија, домаќин е на „Летен инклузивен камп“.
„Летен инклузивен камп“ е проект на меѓуопштинското здружение за лица со телесен инвалидитет за општините Велес, Градско и Чашка – Мобилност,подржано од УНДП,ЕУ и Општина Велес. Проектот „Летен инклузивен камп“ на „Мобилност“ -Велес под мотото „Заедно сме подобри“ претставува добар пример за инклузија на лицата со телесен инвалидитет,заедно со своите другарчина кој немаат телесен инвалидитет,а кој ќе можат заедно да играат и другаруваат наредните 7 денови во прекрасниот автокамп „Љубаниште“ крај Охрид.
Проектот на „Мобилност“ Велес под наслов „Летен инклузивен камп“ ќе трае 365 дена и покрај летниот камп во автокампот Љубаниште , опфајќа и други проектни дејствија, како што се Ликовна колонија, Грнчарство, Литературна колонија, во кој проект основна цел е дружењето на децата со телесен инвалидиет заедно сод еца кој немаат телесен инвалидитет, што претставува прв ваков проект од исклучително значение во Р.Македонија.
Инклузијата на децата со телесен инвалидите во секојдневието претставуваа дел од светското движење, кое прокламира вклучување на сите лица со инвалидност во сите сегменти на општественото живеење.
Автокампот „Љубаништа“ претставува единствен туристички комплекс кој во својата понуда најповеќе обрнал внимание за лесен пристап на лицата со телесен инвалидитет,од влез на авкокампот, каде за лицата со телесен инвалидитет има посебни привилегии, пристап до Рецепција, ресторан, Електрична инвалидска количка која се дава на користење без надоместок на гости во кампот, но и први во Македонија кој изградија специјални тоалети за лицата со посебни потреби, и пристапна рампа за во вода за лицата со попреченост. Сопствениците на автокапмпот „Љубаништа“ Никола Бакаловски и Марко Гаврилоски пред себе си поставиле цел сите гости да бидат еднакви и сите да ги уживаат благодетите на кампот.