Авион со часови кружел околу аеродромот во Њукасл во Австралија пред итно да слета „на стомак“, со кренати тркала нагоре и со исклучени мотори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Авион со часови кружел околу аеродромот во Њукасл во Австралија пред итно да слета „на стомак“, со кренати тркала нагоре и со исклучени мотори, како што пренесува Си-Ен-Ен.

На снимката се гледа како авионот се приближува кон пистата без распоредена опрема за слетување и застанува по лизгањето.

Тој се лизнал околу 500 метри пред конечно да застане. Амбулантни возила биле на готовност, забележани се спасувачи како трчаат да им помогнат на патниците во авионот.

Началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Вејн Хемфри, го пофали 53-годишниот пилот за успешното слетување, велејќи дека никој не е повреден.

– Тоа беше одличен резултат, пилотот го направи тоа навистина добро. Го слушав во етерот, ми звучеше многу смирено – рече тој.

Авионот неколку часа кружел околу аеродромот за да го согори горивото. Оние во контролната соба на земјата, кои управувале со авионот, аплаудирале кога виделе како безбедно слетал, додаде Хемфри.

Приватниот авион требало да изведе лет од 26 минути од Њукасл до Порт Маквари, околу 400 километри северно од Сиднеј.

Share This Article