More

    Авиокомпанија сака да воспостави линии со Мадрид и Барселона

    spot_img

    ТАВ Македонија, заедно со домашниот тур-оператор за дојдовен туризам Balkan Prime Tours, во изминатите три дена беа домаќини на влијателен шпански блогер и претставници на седум реномирани туристички агенции од Шпанија.

    Целта на оваа иницијатива е да се креира интерес за Македонија како туристичка дестинација кај шпанските патници, со што ќе се поттикнат авиокомпаниите да воведат директни авиолинии меѓу двете земји.

    – Како аеродромски оператор ние секогаш ги слушаме барањата на патниците. Многумина од нив посакуваат авиолинии од Скопје до Барселона и Мадрид, како и до други атрактивни дестинации во Шпанија.  Веќе имаме интерес од Македонците да патуваат во Шпанија, па сфативме дека треба да создадеме интерес и кај шпанските патници за на тој начин да ги поттикнеме авиокомпаниите да воспостават директни авиолинии меѓу двете земји. Истовремено, работиме и на привлекување на авиокомпании кои би почнале да летаат и од скопскиот и од охридскиот аеродром до целни и атрактивни дестинации за одмор во Шпанија – изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Шпанските гости ги посетија тврдината Кале, Старата чаршија, Камениот мост, родното место на Мајка Тереза во Скопје, Шарената џамија во Тетово, стариот дел на Охрид, Хераклеја во Битола, копаничарска работилница и винарија во Кавадарци.

    Тие имаа можност да ја слушнат приказната за македонскиот рубин, да се сретнат со официјалниот фотограф на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, како и да се запознаат со историјата на познатите охридски бисери. Беа примени и од шпанскиот амбасадор во земјава, кој исто така ја поддржа оваа иницијатива.

    – Идејата беше да создадеме искуство каде нашите гости ќе го почувствуваат македонското гостопримство и ќе ја откријат автентичноста на Македонија преку средби со локалното население. Затоа, им овозможивме да ја пробаат уникатната локална и традиционална храна подготвена од страна на семејство од Битола, заедно со дегустација на македонски вина – додаваат од ТАВ Македонија.

    ТАВ Македонија го заокружи периодот од јануари до октомври 2022 година со 2 милиона (2.031.562) патници кои патувале преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле–Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img