More

    Атрактивната актерка е во врска со ортопедски хирург

    spot_img

    Холивудската актерка Софија Вергара објави фотографија на Инстаграм на која позира во летен фустан, но високиот шлиц откри тетоважа која допрва треба да ја покаже во јавноста. Иако не откри дали тетоважата е вистинска, привремена или фотошопирана, таа ги изненади своите обожаватели.

     

    „На тебе сè изгледа убаво“, „Прекрасна си“, „Ти одговара таа тетоважа“, беа коментарите на нејзините следбеници.

    Во јуни оваа година, Софија гостуваше во емисијата „Ток“, каде го критикуваше својот син Маноло дека има премногу тетоважи – што го поттикна да посочи дека таа има две свои. Бранејќи се, Софија покажа две мали иницијали на секој зглоб и го објасни нивното значење.

    На едната страна има „Р“ во чест на нејзиниот покоен брат Рафаел, а на другата мала тетоважа „Ј“ – посветена на нејзиниот поранешен сопруг Џо Манганиело, од кој се разведе во јули 2023 година. Но наместо да се размислува на непријатноста на ситуацијата, Софија се пошегува дека тетоважата има нова цел во нејзиниот љубовен живот.

    „Јас сум толку среќна што новото момче со кое излегувам го има истиот иницијал“, рекла таа, кревајќи ги рамениците и ја насмеала публиката. Таа додала дека ја „рециклирала“ тетоважата. Софија мислела на своето ново момче Џастин Салиман, ортопедски хирург со кого е во врска од минатиот октомври.

     

    Но, иако се видени заедно во последните месеци, се чини дека Софија и Џастин сè уште немаат дефинирано заедничка иднина.

    „Всушност, вчера зборував за тоа бидејќи сега сум сингл“, изјави таа неодамна за „ЈуЕс викли“, што предизвика огромна дебата меѓу нејзините обожаватели кои шпекулираат дека нивната врска е завршена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img