More

    По подолго време објавена заедничка фотографија на Кејт и Вилијам

    spot_img

    Во понеделникот на социјалните мрежи беше споделена досега невидена фотографија од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, направена во текот на нивната посета на Велс.

    – Помина една година откако на Вилијам и Кејт, принцот и принцезата од Велс, им посакавме добредојде во Дафрин Мор! Ни беше мило што ги угостивме Вилијам и Кејт на една ноќ кога го посетија „Брекон бејконс“ – стои на социјалните мрежи со додаток: „Тие беа толку љубезни и пријателски расположени што беше задоволство да ги угостиме овде“.

     

    Во периодот кога не гледаме нови фотографии од Кејт Мидлтон, оваа фотографија е потсетник на срдечноста со која таа пристапила кон своите кралски обврски.

    Секогаш насмеаната принцеза засега сè уште не се враќа на своите обврски, но извори откриваат дека нејзиното закрепнување оди добро.

    – Бевме навистина јасни дека ѝ треба простор и приватност за да се опорави сега. Ќе се врати на работа кога ќе добие зелено светло од лекарите – се вели во неодамнешното соопштение за медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img