Атентаторот не се согласувал со политиката на Фицо

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На снимка од сослушувањето, овјавена на социјалната мрежа Х, човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, словачкиот писател Јурај Цинтула вели дека тоа го направил затоа што не се согласувал со политиката на владата.

Словачките медиуми денеска објавија дека атентаторот е 71-годишниот познат писател Јурај Чунтила. Цинтула е основач на литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачки писатели. Скај њуз објави дека тој бил поранешен чувар во трговскиот центар.

Aktuality.sk ја пренесува изјавата на синот на атентаторот, кој тврди дека неговиот татко имал дозвола за оружје.

– Апсолутно немам поим што сакал, планирал, што се случило со татко ми – изјави неговиот син.

Фицо е ранет со неколку истрели во градите и стомакот, откако во местото Хандлова, на 150 километри од Братислава, заврши владината седница. Атентатот се случи кога Фицо отиде да се поздрави со насобраните граѓани на плоштадот во местото.

Тој итно со хеликоптер е пренесен во болницата, но неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада вечерва соопшти дека Фицо е во животно загрозувачка состојба.

Министерот за одбрана, Роберт Калинак, вечерва изјави дека операцијата на Фицо трае веќе три часа и дека ситуацијата е критична.

Share This Article