Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, со брзина од над 60 километри на час.
Температурата ќе биде иста како и вчера, највисоката до 20 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.