Артилериски оган на двете страни на фронтот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад.

Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувачи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот.

Странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот поради Бадник и Божик, што почна денеска на пладне и ќе трае до утре на полноќ.

Share This Article