Арсовска не знае кога би вовела бесплатен јавен превоз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè додека не се надмине енергетската криза градоначалничка на Скопје Данела Арсовска не може да каже кога ќе го реализира ветувањето за бесплатен градски автобуски превоз.

– Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата Модерно Скопје ќе се реализира, тоа е нашата цел – рече Арсовска синоќа во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Кога ја презеде функцијата градоначалник, Арсовска рече дека проектот бесплатен јавен превоз ќе се реализира за две години.

Share This Article