More

    Весна Јакимовска се сомничи дека сторила три кривични дела

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Кичево побара притвор за извршителката Весна Јакимовска која вчера го нападна новинарот Фуркан Салиу, а потоа и полициски службеник во полициската станица по што беше приведена.

    „Поведена е постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и Фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од Кривичниот законик“, информираат од ОЈО Кичево.

    Оттаму додаваат дека осомничената 60-годишна извршителка најпрвин на 21 март спречила службено лице – новинар кој се обидел да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот. Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

    „Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува поради што јасно постои опасност од повторување на делото“, додаваат од обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img