More

    Здравствените власти предупредуваат дека вирусот е сѐ уште тука

    spot_img

    Сите погледи, како во светот, така и кај нас се насочени кон воените случувања во Украина, па поради тоа се чини дека во втор план се најде пандемијата со ковид-19 со која водиме здравствена битка повеќе од две години.

    Иако во последно време кај нас продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени од ковид-19, а со тоа опаѓа и бројот на активни случаи, сепак здравствените власти посочуваат дека сѐ уште не е време да се опуштиме, затоа што доколку не се почитуваат пропишаните мерки, може да дојде до тотална промена на епидемиолошката слика.

    – Во моментот кога има други настани во светот ги покриваат оние што се исто така актуелни. Да се разбереме пандемијата не е исчезната, вирусот е сѐ уште тука и далеку од тоа дека сè е завршено. Сега граѓаните се преокупирани со други информации, но тоа не значи нека нешто не се случува, туку напротив – ни изјави д-р Злате Мехмедовиќ.

    Тој за Плусинфо посочи дека трендот е да се олабавуваат притисоците од овој бран, што претставува добар знак епидемиолошката состојба кај нас.

    Д-р Мехмедовиќ вели дека во среда ќе има состанок на Комисијата за заразни болести на која ќе се разговара за пресекот од минатата недела, но не открива дали ќе бидат предложени нови рестриктивни мерки или укинување на некои од актуелните.

    Инаку заврши скринингот во скопските основни училишта, при што беа тестирани деца од Аеродром, Бутел, Чаир, Кисела Вода. Од направени 2.213 тестови, само кај 18 основци (0,8 проценти) е детектиран вирусот, информираа од Министерството за здравство.

    Паралелно се одвиваше и серолошко тестирање за да се види каков имунитет имаат граѓаните. Од резултатите ќе зависи дали и Македонија ќе ги олесни ковид-мерките како голем број држави, но засега податоците од тестирањето на населението не се објавени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img