More

    Антикорупциска открива скандалозна јавна набавка на Владата

    spot_img

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави предлог до Јавносто обвинителство, заедно со своја анализа и докази, за покренување постапка за спроведена јавна набавка од Генералниот секретаријат на Владата за купување софтверски лиценци за потребите на 22 државни институции, без притоа да се направи соодветна анализа на пазарот.

    Предметот е оформен по пријава од непознат подносител од 7.08.2023 година.

    – Во однос на утврдување на проценетата вредност на постапката и вредност на доделен договор за јавна набавка и истражување на пазарот утврдено е дека не е испочитуван членот 76 од Законот за јавни набавки според кој договорниот орган може по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка договорниот орган да спроведе технички дијалог со економските оператори – изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

    Од извршената анализа на податоците коишто се јавно достапни на ЕСЈН системот, констатирано е дека Генералниот секретаријат нема спроведена претходна проверка на пазарот за потребите на оваа набавка, односно не објавил оглас за спроведување на технички дијалог со цел да се обезбеди конкуренција и соодветен квалитет на предметот на набавката во однос на неговата намена и вредност.

    – Дополнително, ДКСК се обрати до институциите на кои им биле распределени лиценците и од добиените договори констатиравме дека во некои институции има доделено помалку лиценци од потребните, во некои институции има доделено повеќе од потребните, некои институции не биле консултирани за потребата, а некои одговорија дека техничката спецификација во фазата на подготовка, односно пред објавување на тендерот ја доставиле до Генералниот секретаријат и фирмата која всушност го добила тендерот – појасни Ивановска.

    Оттука, нагласи таа, заклучокот е дека нецелосно и непотврдено преземање на активности за проценка на вредноста на набавката и истражување на пазарот влијае да не се почитува во целост начелото на економичност, ефикасност и ефективност на користењето на јавните средства во постапките за јавни набавки, кое е утврдено во членот 4 од Законот за јавни набавки. – Непочитувањето на ова начело создава ризик дека проценетата вредност на постапката за јавна набавка не е усогласена со пазарните услови и цени што, пак, понатаму има влијание на рационалното користење на буџетските средства – заклучи Ивановска.

    Таа рече дека фирмата која победила на тендерот самата учествувала во подготовка на тендерската спецификација, што е строго забрането со членот 36 од Законот за јавни набавки.

    – Поради тоа, не е испочитувано начелото на еднаков третман и недискриминација на економските оператори, предвидено со членот 7 од Законот за јавни набавки – нагласи Ивановска.

    ДКСК не наведе за која фирма – добитник на набавката станува збор, за колку набавени софтверски лиценци се работи, за колкав износ е оштетен буџетот, ниту пак наведува во кој период е извршена набавката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img