Анкара сега не сака трилатерални разговори со Финска и Шведска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турција го отфрли предлогот на НАТО за одржување трилатерални разговори со Финска и Шведска. Состанокот, што условно беше закажан за денеска, не се одржа, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Според извештајот, целта на разговорите била да се најде решение за проблемот што Анкара не го одобрува влезот на Шведска и Финска во Алијансата.

Според извори, пред да се одржат можни трилатерални преговори, Анкара побарала Хелсинки и Стокхолм да дадат конкретни предлози за прекин на врските со Курдската работничка партија, која е забранета во Турција, за што турската страна ги обвинува двете земји.– Трилатералната средба со посредство на Алијансата беше крајната цел… но ние сè уште не сме стигнале до тоа – пишува весникот, цитирајќи извор од НАТО.

Да потсетиме, поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата.

Турција го блокираше почетокот на процесот на разгледување на овие апликации. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да им верува на нивните гаранции за односите со претставниците на Курдската работничка партија.

Кремљ оцени дека таквиот чекор на двете соседни земји претставува егзистенцијална опасност за земјата, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.

Share This Article